Балкан
12. May 2018 - 14:45

Зла судбина на малиот Елдин: Го возеле во болница зошто имал сипаници, загинал зошто не бил врзан

Елдин Хондовиќ (15) од Тутин, кој загина кај Велика Плана, настрадал на пат кон лекар во Белград, а не бил врзан зошто му било многу лошо па спиел на задното седиште.

Елдин Хондовиќ од селото Горњи Црниќ кај Тутин, кој во четвртокот загина во сообраќајна несреќа кај Велика Плана, настрада на пат кон болница во Белград, каде го носеле стрикото Елвис и мајката Неима, кои се повредени во сударот.

Инаку детето, последните месеци имало здравствени проблеми поради малите сипаници, па од Тутин често морал да оди во Белград кај лекар. Се претпоставува дека поради тоа спиел на задното седиште и не бил врзан во моментот на сударот.

Детето е погребано

Детето настрадало кога „сеатот“ кој го возел неговиот роднина Елвис Ходовиќ (33) со голема брзина се забил во паркирано комбе на лентата за запирање и го усмртил возачот Славољуб Топличанин (48) од Крушевац. Автомобилот удрил во Топличанин, кој излегол од комбето, а од силината на ударот детето испадало од возилото зошто не било врзано.

Според зборовите на роднини на настраданото дете, тој живеел со мајката во село кај тутин, додека таткото и братот му биле во странство.

-Татко му и братот работат во Германија. Елдин имаше морбили, а неговата здравствена состојба се искомплицира, па често одеше во Белград. Кога татко му не е тука, стрикото го носеше, а дента и мајката тргна со него, раскажува роднина.

Тој додава дека поради влошената здравствена состојба, детето лежело на задното седиште.

-Веројатно спиело во моментот на ударот. Се да беше како што треба, и тој ќе беше врзан, раскажува роднината. Детето вчера беше погребано во родното село.

Треба да се избегнува лентата за запирање

Дамир Окановиќ, директор на комитето за безбедност во сообраќајот, објаснува дека лентата за запирање на автопат е за исклучителни случаи.

-Треба да се избегнува лентата за заприање. Дури и кога мора да застанете, подобро е од неа да се излезе ако има простор, само возилото да е што подалеку од брзите ленти. Не смееме да заброавиме дека на автопат се вози со голема брзина, рече тој.

Исто така децата и други патници на задното седиште мора да бидат врзани.

Погреб место прослава на годишнина од бракот

Во Крушевац, во куќата во која живеел настраданиот возач на комбето Славољуб Топличанин (48) сопруг и татко на три деца, тага и бол.

-Тоа утро со внукот и синот отиде да вози некаков мебел. Во еден момент слушнал дека нешто тропа во комбето. Превезувал мебел и мислел дека нешто се откачило. Внатре имало столици, се посомневал на тоа. Ги запалил трепкачите и застал на лентата за запрање, раскажува потресената сопруга Љиљана и додава:

-Во комбето останаа внукот и синот, Тие ништо не можеле да видат, но го слушнале тапиот удар. Требаше во саботата да славиме 15 години брак. Наместо да се подготвувам за тоа, подготвуваме погреб!