Зимско искачување на Руен во организација на ЗПЗП„Калин Камен“
Шеесетина планинари од Крива Паланка, Кочани, Битола, Прилеп, Скопје, Куманово и Република Србија вчера се искачија на највисокиот врв на Осоговските планини, Руен.
Акцијата е во организација на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин камен“, Крива Паланка. На настанот учествуваа вкупно 64 планинари од Македонија и Србија, од Предејане и Сурсулица.
- Оваа зимска акција на 2252 метри надморска височина беше сосема успешна, иако временските услови не беа најповолни. Ова е голем успех, ваква примерна, послушна и компактна екипа како на планина треба да биде пример за сите идни акции. Успеавме да искачиме висинска разлика поголема од 700 метри во отежнати зимски услови, со снег кој на стартот беше околу 20-тина сантиметри, а пред врвот достигнуваше повеќе од 70. Иако временските услови не беа најповолни, ние успеавме да добиеме 10-минутно признание и од сонцето на враќање назад на врв Сокол. Горд сум горд што сум претседател на ова здружение, истакна претседателот на ЗПЗП „Калин Камен“, Мартин Митровски.
Оваа акција беше предвидена за завршна во 2017-та година, а следна акција ке биде традиционално првиот викенд по нова година, на Станечки водопади, за да викенд подоцна се одржи роденденска прослава на здружението.
Ново на Сител
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина
-
Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите
-
Министерство за здравство: Се залагаме за брзо расчстување на случајот со земање мито