Зимски поетски фестивал на Струшки вечери на поезијата од 25 февруари до 1 март

Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи од 25 февруари до 1 март во Скопје со акцент на поетите Ласе Содерберг од Шведска, Хабиб Тенгур од Алжир, Хасан Зактан од Палестина и македонскиот поет Иван Џепароски.
Свеченото отворање е на 25 февруари во Младинскиот културен центар во Скопје.
Фестивалот, како што информираат организаторите, е базиран на издавачката дејност на Струшките вечери на поезијата, на авторите чие творештво е објавено во превод на македонски во престижната едиција „Плејади“, а годинава станува збор за исклучителни творци, актуелни и провокативни со своето творештво, добитници на престижни награди, кои се објавувани на десетити јазици.
Шведскиот поет Ласе Содерберг е веќе објавен од страна на СВП со поетскиот избор „Земјата е сина“ во 2013 година, додека поетскиот избор на Хасан Зактан „Како сламена птица ме следи“ ќе биде промовирана на овој Зимски поетски фестивал. Во истата едиција „Плејади“ на СВП за време на овогодишните Струшки вечери на поезија во август ќе биде промовирана и книгата со поетски избор од творештвото на Хабиб Тенгур, како и книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски во превод на англиски јазик.
Предавањата на поетите-учесници ќе бидат организирани на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а портретите и поетските книтања во салонот „19.19“ на Културно Информативниот Центар (КИЦ) во Скопје, се наведува во соопштението на СВП.
Во улога на модератори-соговорници на овогодишните учесници на фестивалот ќе бидат неколку наши професори, книжевни критичари и поети, како академик Влада Урошевиќ, Лидија Капушевска Дракулевска, Снежана Петрова, Зоран Анчевски и Владимир Мартиновски.
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
