Балкан
9. January 2017 - 16:39

Зимата ја зеде првата човечка жртва во Србија, нови жртви во Полска

56 годишен  жител на градот Врање  е првата жртва од студот во Србија  оваа зимска сезона. Полицијата соопшти дека  смрзнатото тело на  55 годишниот Бадем Алијевиќ било октриено  на улица. Поради снегот и екстремно ниските температури во десет општини, во централниот и јужниот дел на земјата , прогласена е вонредна состојба.  . Во Полска се регистрирани 10 нови жртви од премрзнување, со што бројот на починати од студ во последниве два месеца се искачи на 65.  Студот ги однесе  првите човечки животи  и  во Чешка и во  Словачка. Чешките власти соопштија за 6 а словачките за 4 жртви.