-->
-->
Зидан: Во фудбалот не се бркаат рекорди туку трофеи
-->
Најдолгата победничка низа на Реал во првенството заврши во средата, откако „кралскиот клуб“ не успеа да слави против Виљареал. Од крајот на минатата и почетокот на оваа сезона Зинедин Зидан со Реал забележа 16 победи.
„Грешки секогаш можат да се случат, тие се составен дел од фудбалот. Не бевме на потребното ниво во првото полувреме, во вториот дел изгледавме многу подобри. Не можете секогаш да стигнете до трите бода во завршниот дел од натпреварот. Против Виљареал загубивме два бода, тоа се случува, но важно е дека покажавме став“, рекол Зидан.
Тренерот на Реал со клубот оствари 16 победи во низа и на вечнатат листа остана израмнет со Пеп Гвардиола кој со Барселона има остварено 16 триумфи во низа.
„Не ме интересира рекордот. Од друга страна очекувам многу од Кристијано Роналдо, тој е нашиот клучен играч, многу е важно што беше со нас на теренот. Не сум загрижен што не постигна гол. Загрижен сум кога не игра, важно е да биде максимално подготвен“, дополнол Зидан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата