-->
-->
Зидан: Шансите за финале се 50-50%
-->
Зинедин Зидан тренерот на Реал Мадрид, смета дека шансите за пласман во финалето на Лигата на шампионите се подеднакви, како за неговиот тим, така и за противникот Манчестер Сити против по синоќешните 0-0 на првиот полуфинален дуел.
„Резултатот е добар. Иако не постигнавме гол, што ни беше целта истрчавме многу и резултатот е добар. Реваншот ќе биде сличен натпревар и шансите се 50-50%. Роналдо е се обидеме да го заздравиме за натпреварот во вторник. И Бензема ја почувствува истата повреда од саботата. Сакаше да продолжи, но не ризикувавме“, истакна Французинот.
На првата средба Реал настапи без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо кој не беше целосно опоравен од повредата, а од иста причина и Карим Бензема играше само во првиот дел. Дали целосно подготвените Роналдо и Бензема ќе бидат разликата во реванш дуелот на кој на Реал ми треба било каква победа за место во финалето, останува да се види во среда (4 мај).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?