-->
-->
Зидан: Роналдо е подготвен да игра, но дали тоа ќе биде од првата минута ќе видиме
-->

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека првата ѕвезда на „кралскиот клуб“, Кристиано Роналдо е подготвен да игра, но колку ќе биде решено пред утрешниот мечот од на националната арена „Филип Втори“ против Манчестер Јунајтед.
„Да, Роналдо има малку тренинзи пред овој натпревар, но подготвен е да игра. Јасно е дека не залудно го носиме во Македонија. Штом е тука со нас, значи дека е подготвен да игра, а дали ќе настапи од првата минута ќе видиме утре. Најважно во овој момент е дека е тука со нас, а тоа е огромно значење за тимот“, истакна тренерот на Реал на средбата со новинарите.

„Ние имаме фудбалери кои не се заморени од победување и се гладни за успеси. Огромен мотив носат и да стигнат до трофејот во Супер купот. Ќе играме наша игра со отворена желба за победа. Тоа е нашата цел по која дојдовме во Скопје“.
Дали, желбата на фудбалерите на Реал ќе се оствари останува да се види утревечер по мечот против Манчестер Јунајтед кој ќе почне од 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
