Зидан повторно одговораше на прашања во врска со Бејл и Хамес
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не беше во добро расположение, откако загуби од Тотенхем во „Ауди Купот“. „Кралскиот“ клуб изгуби со 0-1 и денес ќе игра против Фенербахче за третото место, но повеќето од прашањата за Зизу не беа за мечот, туку за иднината на Герет Бејл и Хамес Родригез.
– Не знам што ќе се случи со Хамес. Ние сме во Минхен, тренираме и играме – ова е она што ме интересира во моментов. Бејл? Тој не патуваше со нас затоа што не беше подготвен. Не се чувствуваше добро и откако разговаравме со лекарите, решивме дека е најдобро да остане во Мадрид. Одлуката беше вообичаена – мојата и на лекарите, а јас му го соопштив на Бејл. До 31 август, сè може да се случи и н. Во моментов, ова се играчите што ги имаме, и јас имам целосна доверба во нив,, прокоментира Зидан.
Тој потоа зборуваше за синоќешниот меч и за досега слабата презентација на „белите“ во контролните натпревари. Французинот смета дека тимот се уште не е целосно подготвен.
– Не е пријатно што нашите последни натпревари се развија на овој начин, но нема да дозволиме поразите да влијаат врз нашата самодоверба. Денес бевме подобар тим. Треба да останеме позитивни. Сезоната ќе биде долга и тешка, но јас сум оптимист. Тимот е одличен, едноставно се уште не сме подготвени целосно, додаде Французинот.
И покрај неуспешниот трансфер на Бејл во Кина, Велшанецот најверојатно нема да остане на „Сантијаго Бернабеу“, со оглед дека Зидан на секој начин покажа дека не го сака во тимот.
Слична е ситуацијата со Хамес Родригез. Тој има понуди од Атлетико Мадрид и Наполи, но Реал не сака да го продаде на својот градски ривал, а Наполи не планира да плати сума од 42 милиони евра, поставена како цена за Колумбиецот.
Ново на Сител
-
Мицкоски од Росоман: На 19 октомври ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
-
Рама: Западен Балкан не е проблем што треба да се реши, туку решение што чека да се интегрира
-
Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион
-
На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка - над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани
-
Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај
-
Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров
-
Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
-
Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина