Зидан: Еден ден ќе го водам ПСЖ
Тренерот на Интер, Зинедин Зидан верува дека еден ден ќе го води Пари Сен-Жермен.
– Никогаш не вели никогаш. Особено кога сте тренер. Кога бев играч, имав избор – можев да одам во речиси секој клуб. Но нема список од 50 екипи во кои би можел да работам како тренер. Има две или три опции. Ако дојдам во некој клуб, тоа е само заради победи. Ова го кажувам со сета скромност. Затоа не можам да одам секаде. На пример, јазикот. Некои услови ја комплицираат ситуацијата. Кога некој ќе ми рече „Дали сакаш да одиш во Манчестер? Разбирам англиски, но не го зборувам совршено. Знам дека има тренери кои работат со клубови без да го знаат јазикот. Но, јас имам друг метод. За да победиш, треба многу да се совпаѓаш. Ова е глобалниот контекст. Лично знам што ми треба за да победам, изјави поранешниот тренер на Реал Мадрид.
Беше објавено дека Зидан е подготвен да работи само во ПСЖ, Баерн, Јувентус и Реал Мадрид. Тој не сака да оди во Англија.
Ново на Сител
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски и Филипче во дуел за резултатите на владата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од СДСМ
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
-

Уште 5 дена од кампањата за вториот круг, кандидатите за градоначалници и денеска на терен
-

Петар Јанков и официјално ја презеде градоначалничката функција
-

11 месеци затвор за таткото кој нападна малолетни фудбалери на натпревар во Штип
