Зибери: Амнестија и намалување на затворските казни за 30 отсто е само еден од начините за намалување на прекубројноста во затворите
Амнестијата и намалувањето на затворските казни за 30 отсто е само еден од начините за намалување на прекубројноста во затворите, посебно во Идризово и се крајно загрижувачки. Затоа ние сметаме дека идеата сторителите на кривични дела од помал интензитет и со пониски казни можеби е добро што ќе бидат опфатени со амнестија, но алтернативните мерки секогаш ги потенцираме како начин за надминување на проблемите со прекубројноста во затворите, изјави Народниот правобранител, Насер Зибери во одговор на новинарско прашање денеска во Штип.
Тој смета дека пренатрупаноста на затворите само по себе повлекува и други проблеми како што се здравствената заштита на затворениците, условите за живеење таму, проблемите со кои се соочува затворската полиција зашто треба да се грижи за поголем број на затвореници.
-Затоа сметаме дека амнестијата ќе оди во прилог, но изрекувањето на алтернативните мерки, прохабицискиот систем, системот на алки, се палета на мерки кои во развиените држави одлично функционираат и не прават притисок врз казнено-поправните установи во смисла на прекубројност на сместените осуденици и затоа ги охрабрувам судовите да бидат посмели во изрекувањето на овие алтернативн мерки, иако морам да признаам дека во последните три години алтернативните мерки имаат голем раст при изрекувањето казни од страна на судовите, посочи Зибери.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници