-->
-->
ЖРК Вардар ја заврши сезоната со шампионската титула
-->
Ракометарките на ЖРК Вардар ја одбранија шампионската титула и по петтипат по ред го освојуваат првото место во националното првенство. Попладнево во финалето од завршниот турнир од плеј офот тие го победија тимот на Вардар СЦЈС (втор тим на Вардар) со 54:24 (24:11).
Најефикасна на дуелот беше Сара Ристовска со 10 голови, Александра Лакрабер постигна 8, а Камила Харем 7.
Ова беше последен натпревар за шест ракометарки на ЖРК Вардар, кои од следната сезона нема да бидат дел од „црвено-црниот“ табор: Сања Дамњановиќ, Камила Херем, Ања Алтхаус, Тамара Мавсар, Мајса Песоа и Дијана Илина.
Со овој триумф „вардарки“ очекувано ја освоија двојната круна оваа сезона откако во саботата го освоија и пехарот во Купот на Македнија.
фото: www.zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип