-->
-->
ЖРК Вардар брка седма победа во Лигата на шампионите
-->
По триумфот над Будуќност во претходното коло ракометарките на ЖРК Вардар сега се пред нов предизвик на домашен терен посакуваат да ја продолжат серијата победи. Во Скопје во сабота гостува повеќекратниот француски првак Мец.
- Задоволни сме од стартот на главната рунда и победата над незгодниот ривал. Ние остануваме со нашите желби за првото место во групата, а фокус ни е да ја продолжиме серијата победи досега имаме шест, изјави Гордана Нацева.
По водство на Давид Дејвис „вардарки“ редат победат:
- Не очекува тежок дуел со Мец. Со Будуќност игравме добро. Француската екипа знае да биде опасна особено во одбраната, а дома мора да бидеме максимално сериозни и концентрирани, изјави Дејвис.
Ракометарката Сара Ристовска на денешниот прес изјави:
- Ќе се обидеме да ја продолжиме серијата. Мец знаат да одиграат добро и на гости, а имаат и добар контранапад. Но, ние сме добро подготвени и на домашен терен одиме на нова победа.
Натпреварот ЖРК Вардар - Мец се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за Фрчковски, осомничен за незаконско користење на државни средства
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра