Жрепката за фудбалското ЕП 2020 се чека и кај нас
Во Букурешт вечер од 18 часот со жрепка ќе биде одреден изгледот на групите на Европското првенство во фудбал, кое ќе се игра следната година во 12 различни градови низ европскиот континент.
Учесник на ова ЕП може да биде македонската репрезентација, доколку во март триумфира во плејофот од Лигата Д на Лигата на нации. Се знае дека нема да може да бидеме во група со Финска, Велс и трите победници на баражите во другите групи од Лигата на нации.
Жрепката ќе биде полудиригирана, многу работи се знаат однапред, па така, доколку Македонија оди на шампионатот, ќе се најде во групата Ц или Ф. Групата Ц се игра во Амстердам и Букурешт, а таму сигурни учесници се Украина и Холандија. Во групата Ф ќе игра Германија, а дуелите од таа група ќе се одвиваат во Будимпешта и Минхен.
Ново на Сител
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев