Жрепка за завршницата во европските купови денеска во Нион
Жрепката со која ќе бидат одредени паровите за четвртфиналните и потенцијалните полуфинални дуели во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига ќе се одржи попладнево во седиштето на УЕФА во Нион.
Програмата започнува во 12 часот кога на распоредот е жрепката во елитното европско клупско натпреварување, по што следуваат ждрепките во Лига Европа, од 13 часот, и во Лигата на конференции од 14 часот.
Првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони се на програмата на 11 и 12 април, а реваншите на 18 и 19 април, додека четвртфиналните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига ќе се играат на 13 и 20 април.
Финалето во Лига Европа ќе се игра на 31 мај во Будимпешта, финалето во Конференциската лига на 7 јуни во Прага, додека финалниот натпревар во Лигата на шампиони е на програмата на 10 јуни во Истанбул.
Лига на шампиони, четвртфиналисти: Интер, Наполи, Челзи, Манчестер сити, Бенфика, Баерн Минхен, Реал Мадрид.
Лига Европа, четвртфиналисти: Севиља, Јувентус, Манчестер јунајтед, Феенорд, Унион Сент-Жил, Баер Леверкузен, Рома, Спортинг.
Лига на конференции, четвртфиналисти: Гент, Фиорентина, Лех Познањ, Аз Алкмар, Вест Хем, Ница, Андерлехт, Базел.
Ново на Сител
-
СДСМ: Со изградбата на коридорите 8 и 10 најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии
-
Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Ролан Гарос
-
Англиските фанови бараат тикет повеќе за финалето во Прага
-
Младост 96 шампиони на Македонија во пинг понг
-
Припадниците на Армијата ќе учествуваат на воена вежба во Србија
-
Владата го назначи Зоран Трифуновски за нов директор на Железници
-
Полицијата уапси битолчанка - во нејзиниот дом биле пронајдени 96 паковки со марихуана и амфетамин
-
Зеленски: Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина