Жолта алертна фаза – многу топло со температури до 40 степени
Целата територија на земјата е во жолта фаза, денеска времето ќе биде многу топло, со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.
Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза за високи температури.
Во Скопје утринската температура ќе биде 19, а максималната дневна 37 степени. Најтополо ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.
До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.
Поради тропското време, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), да консумираат лесна храна и течности, посебно да внимаваат при подготовка и консумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат.
Во текот на ваквите екстремно топли денови граѓаните треба да останат во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра