Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди

Во Франција е прогласен жолт метеоаларм во 18 департмани поради силниот топлотен бран, а истото предупредување од денеска се воведува и за Париз и неговите предградија, додека британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран во таа земја денеска би можел да собори три рекорди.
„Метео Франс“ соопшти дека оваа година е обележана со рано доаѓање на исклучително топло време, со утрински температури меѓу 14 и 20 степени Целзиусови и попладневни температури кои достигнуваат од 32 до 35 степени, пренесува весникот „Фигаро“. Максималните температури остануваат многу високи за ова доба од годината, а топлотниот бран се протега сè посеверно, со температури кои надминуваат 30 степени во речиси сите делови на Франција.
Британските медиуми во меѓувреме го пренесоа предупредувањето на нивната метеоролошка служба, во кое се наведува дека топлотниот бран денеска би можел да собори три рекорди. Откако вчера температурите достигнаа 32,3 степени Целзиусови, метеоролозите предупредуваат дека денеска во Велика Британија би можела да биде измерена највисоката температура досега за време на Националниот празник на пролетта.
Метеоролозите проценуваат дека денешните температури во делови од јужна Англија можат да достигнат меѓу 33 и 34 Целзиусови степени. Со тоа би се соборил апсолутниот национален рекорд за највисока мајска температура од 32,8 степени, кој датира од далечната 1922 година (измерен на плоштадот Камден во Лондон), а беше изедначен во 1944 година.
Денешниот ден воедно станува и најжешкиот Пролетен празник (Spring Bank Holiday Monday) од почетокот на мерењата на синоптичарите. Овој специфичен национален празник секогаш се паѓа во последниот понеделник од мај. Досегашниот рекорд за самиот празничен понеделник изнесуваше меѓу 28 и 29 степени, па денешните прогнозирани 33 до 34 степени со сигурност го уриваат овој празничен рекорд.
Покрај тоа, во Обединетото Кралство е забележано и најраното достигнување на температура од 30 Целзиусови степени во една календарска година во последните седум децении. Овој рекорд беше соборен уште изминатиов викенд, поточно во саботата. Тоа беше првиот ден во 2026 година во кој живата во термометарот надмина 30 степени на британско тло, што според статистиката на Метеоролошката служба е најраниот датум со ваква температура забележан уште од 1952 година
Ново на Сител
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
