Кошарка
9. October 2015 - 19:49

Животна партија на Самарџиски против МЗТ

МЗТ Скопје во петокот попладне беше поразен од Мега Лекс во рамки на четвртото коло од АБА лигата. Натпреварот во Сремска Митровица заврши со резултат 82:70 (8:26, 30:16, 27:15, 17:13).
 
Македонскиот шампион го заврши мечот со двоцифрена негатива, иако во 11 минута водеше со дури 20 разлика.
 
Главни причини за овој пораз треба да се барат во бројните грешки и недоволно ангажираната одбрана.
 
Мега Лекс до триумфот го предводеше македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски со 22 коша и 10 скока.  Покрај македонскиот центар, кај Мега Лекс се истакна уште Луваву-Кабарот со 15 поени.
 
Луковиќ и Љубичиќ со по 16 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје.
 
МЗТ има скор од една победа и три порази, а следните натпревар го игра против Игокеа на домашен терен.