Животна драма на пејачката: Дона Арес и по трет пат се разболи од рак
Босанската фолк ѕвезда Дона Арес дури два пати успеа да го победи ракот, но за жал болеста повторно и се врати.
Таа им е обрати на своите следачи на Инстаграм и им ја соопшти тажната вест, дека повторно има рак.
„За се треба припрема, па така и за хемотерапијата. Ова е како порт. Денес стариот е изваден, нов поставен под кожата. Се чувствувам како да имам некој чип, подобро и чип него хемо низ вените кои веќе не работат. Во „собата за никој“ (во текот на првата борба) се помирив со животот и симбиозата со ракот. Знаевме дека ќе биде упорна, но во ситуација кога се борите за продолжување на животот секоја шанса е вредна за труд! Иако болеста кратко ме залажува со излекување, се однесувам како најздрава со сите недостатоци и тоа е она што ме држи. Долго размислував дали да објавам или не било што за својата болест. Сепак, втората борба помина во тишина, но третата нема“, напиша пејачката во описот на фотографијата од болница и додаде дека ќе се спротистави храбро и овој пат.
Ново на Сител
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце