Животи прекинати со рафал: Ова се жртвите од кафулето
Дијана Златиќ (30) во петокот вечерта излегла со друштво. Нејзиниот поранешен сопруг Синиша Златиќ (38) ја видел, отишол дома, го зел калашњиковот и го започнал крвавиот пир.
Дијана починала на самото место, а нејзината другарка Јована Поповиќ (20) на пат кон болница.
Стево Јојиќ (40), Владимир Косовиќ (34) и Владимир Мијатовиќ (40) ја изгубила битката со животот во болница.
Очевидци велат дкеа Синиша испукал повеќе од 50 куршуми, искористил два шаржери и дека притоа бил многу прецизен. Сите куршуми завршиле во гостите, од кои 20 се полесно повредени.
Како што вели таткото на убиената Дијана, тие залудно го пријавувале Синиша на социјалните служби.
-Тоа не е ништо, истрпи, не е токму така, биле одговорите кои ги добивале.
-Ниту сакаше да се смири, ниту да ја остави на мира. Да беше тука нашиот внук и него ќе го убиеше, вели Свето.
Според првите информации Синиша Златиќ (38) ја здогледал поранешната сопруга со која не живеел веќе 9 месеци, како седи со друштво во кафулето.
Тој дошол дома, го донел калашниковот и тогаш почнал да пука по луѓето. Како што откриваат ужасните детали од самото место, Синиша бил многу прецизен така што секој куршум погодил некого, а не и инвентарот во кафулето.
Осомничениот сменил два шаржери, односно испукал повеќе од 50 куршуми во гостите.
Ново на Сител
-
АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури
-
Таравари: Работиме на решение за компресоприте во хируршките сали
-
УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град
-
Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција
-
Македонскиот амбасадор во Албанија на средба со министерот Муцунски по објавените податоци од пописот
-
МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога
-
Мицкоски: На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција | ВИДЕО
-
Високи претставници на демократите во САД отфрлаат засега можност за замена на Бајден поради повиците тој да се откаже од трката за претседател