Живот во кутивче: Поради превисоките цени на становите овие луѓе живеат во нечовечки услови
Додека цената на недвижностите во Хонгконг летаат до плафон, се повеќе луѓе живеат во простории со големина на ковчег зошто ништо поголемо не можат да си дозволат.
Станува збор за минијатурни станови од само два квадрати кои Обединетите нации веќе ги нарекоа „навреда за човечкото достоинство“.
Цените на недвижностите пораснаа за 50 отсто од 2012, а со тоа порасна и побарувачката за „евтини станови“, но кои буквално има место за еден кревет и некоја полица. Дури нема место човек убаво да се растегне, а влијанието на таквата стегнатост врз психата е катастрофална, вели социјалниот работник Це Лај Шан, кој проценува дека во такви услови живеат над 200.000 луѓе.
Еден од нив е Вонг Цива, кој својот нехуман животен простор го плаќа 226 долари месечно (210 евра).
Пред две години поднел пријава за државен стан, но уште чека и живее во единствениот простор за кој има пари.
Властите ветиле дека во следните 10 години ќе изградат повеќе од 450.000 станови.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен