Живковиќ: Без ДПС нема стабилна и реформска влада на Црна Гора
Данијел Живковиќ, носителот на листата „Заедно собрани околу ДПС“ вечерва изјави дека оваа партија покажала дека е најсилната политичка партија и дека без неа нема стабилна влада во Црна Гора.
Тој рече дека се подготвени да соработуваат со сите кои ги почитуваат достигнувањата на ДПС.
-Врз основа на пребројувањето на сите гласови, ДПС има 18 мандати, втор е ПЕС со 17 мандати, што го потврдува фактот дека ДПС е посилен од челикот, рече Живковиќ.
Тој додаде, изборниот резултат го постигнавме заедно со СД, ЛП и ДУА.
-Оваа коалиција со својата сила ја потврди својата политичка релевантност, без коалицијата Зајдено нема стабилна, реформска, европска влада“, рече Живковиќ.
Тој додаде дека ДПС и на овие избори ја покажа својата политичка релевантност, а тоа е дека оваа партија, како што рече, ќе го диктира темпото на промени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
