Живи костури: Како модерните идоли упропасија цели генерации
Денешните тинејџери преплавени се со информации за нивните славни врсници кои изгледаат „совршено“, па не е чудно што многумина ќе потклекнат под притисокот на општеството.
Бројот на оние кои боледуваат од пореметувања на исхраната секоја година расте за 13 отсто, покажа студијата на Универзитетот во Лондон.
Таа студија ги анализираше здравствените податоци на учениците во Велика Британија, а покажа дека најголемиот број од новите случаи на пореметување на исхраната се забележува кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години и момчиња на возраст од 10 до 14 години.
Некои облици на пореметување во исхраната е дијагностициран кај 10 отсто од тинејџерките, а стручњаците веруваат дека е голем бројот на оние кои немаат дијагноза, зошто родителите и докторите не го препознале тој проблем. По депресијата, проблемот со исхраната е втор најчест ментален проблем на оваа генерација.
-Модерниот начин на живот, културните вреднсоти, искривената медиумска слика на општеството и идеалот на совршено тело создаваат притисок врз младината, чија самодоверба не е развиена, тврди главната на студијата д-р Наиа Микали.
Таа предупредува дека е нужно да се обрне внимание на тој проблем, да се предупредат родителите и да се смени системот на лекување на пореметувањето во исхраната.
Во продолжение погледнете некои од најшокантните случаи на анорексија:
Ново на Сител
-
Ова се убиените ќерка и татко во Велес вчера, ги убил поранешниот нејзин партнер па се самоубил | ФОТО
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк