Живаљевиќ: Моето присуство во македонското Собрание не беше тајно
Поранешниот советник за безбедност во Амбасадата на Србија во Македонија Горан Живаљевиќ вечерва ги негираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека македонските институции не му дале одобрување да влезе во парламентот за време на инцидентот на 27 април.
- Моето присуство во Собранието не беше ни тајно, ни скришно. Мојата мисија не беше тајна, ниту недобронамерна, а згора не се, македонските служби беа упатени, изјави Живаљевиќ за Танјуг.
Тој потенцира дека за престојот во Собранието добил одобрение од советникот за безбедност на претседателот на Македонија, Синиша Алексовски.
- Тој човек ја знаеше причината зошто бев таму и за тоа беше информиран. Мојата мисија таму не беше тајна и беше добронамерна во однос на безбедноста на Македонија, а во контекст на соработката која ја имаме со безбедносните служби на Македонија, наведе Живаљевиќ.
Тој тврди дека во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ намерно се прескокнува инстанцата Претседател на Републиката, пренесува МИА.
- Моето пријавување за активност таа вечер, на 27 април, беше насочено на самиот кабинет на Претседателот и неговиот советник за безбедност, вели тој.
Ново на Сител
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура