Жителите на Слупчане не дозволуваат ЕВН да влезe во селото, 80 отсто од струјата ја крадат
Околу 200 жители на кумановското село Слупчане денеска насилно ги спречиле екипите на ЕВН да извршат неопходни работни активности за реконструкција и модернизирање на електричната мрежа во селото, пишува „Плусинфо.мк“. Толпата го блокирала влезот на селото и не им дозволила на работниците да работат, притоа заканувајќи им се по живот.
Надлежните од ЕВН за ситуацијата го информирале Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции.
„Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа” – изјавиле од ЕВН за порталот.
Според порталот вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20% фактурирана енергија.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?