Жител на Горно Коњаре осомничен за обид за убиство и за напад врз полициски службеници
Основното јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Имено, 34-годишниот жител на село Горно Коњаре на 3 април со умисла се обидел да лиши од живот едно лице со кое претходно имале кратка вербална расправија. По расправијата, осомничениот отишол во неговиот дом од каде зел нож и го прободел оштетениот во пределот на слабината, нанесувајќи му тешки телесни повреди од животозагрозувачки карактер. Околу половина час подоцна, осомничениот сериозно се заканил дека ќе ги нападне четворицата полициски службеници кои постапувале по наредба да го лишат од слобода заради претходно стореното кривично дело. Кога полициските службеници дошле во неговиот дом, тој излегол на вратата, повторно држејќи нож во рацете. Еден од полициските службеници му наредил да го фрли ножот, но осомничениот одбил да го стори тоа и им се заканил. Полициските службеници се повлекле во дворот и застанале во близина на службеното полициско возило, а осомничениот започнал да им се приближувасо крената рака во која го држел ножот. Во тој момент, еден од полициските службеници му се приближил на осомничениот и со употреба на средства за присилба му ја фатил раката, ножот паднал на земјата и осомниченото лице било лишено од слобода, соопштуваат од Основното јавно обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или вештаците, како и дека ќе го повтори кривичното дело или ќе го доврши обиденото кривично дело
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила