Македонија
28. January 2022 - 19:35

Жестока комисиска расправа за преговорите со Бугарија - Османи тврди дека не се преговара за идентитетот

Со набројување на точките од планот 5+1, шефот на дипломатијата Бујар Османи пред пратеници тврди дека со новиот бугарски премиер Петков е во рамките на донесената Резолуција од парламентот и дека нема преговори за јазикот и историјата.

Сепак, тој во Собранието се појави без документисо одговори на македонската страна во разговорите со официјална Софија, но ги покани пратениците да дојдат во министерството и да ги видат.

Опозициските пратеници пак, велат дека Османи и Владата ги водат разговорите на штета на македонскиот народ.

Пратениците од власта иако пристуни на комсијата за надворешни работи на која се даваше отчет беа воздржани од дискусии, иако на моменти од место даваа коментари и ја вжештуваа атмосферата.