Жерновски: При изготвувањето на политиките да размислиме и за идните генерации
При изработка на нашите политики треба да размислиме и за идните генерации. На почетокот на 21 век, улогата на развојната политика е променета. Денес, развојната соработка се смета за глобална структурна и мировна политика. Таа има за цел да помогне во решавањето на кризите и конфликтите на мирен начин, да помогне да ги зачуваме ограничените ресурси, а пред се да ја зачуваме нашата животна средина за следните генерации, при што ќе придонесеме во намалување на глобалната сиромаштија, рече денеска заменик министерот Андреј Жерновски на панел-дискусијата „Конференција за Целите за одржлив развој и ЕУ интеграција”.
Во своето обраќање Жерновски ги пренесе заложбите и активностите на Владата и посебно улогата што Министерството за надворешни работи ја има како координатор на соработката со системот на ОН при имплементацијата на Целите за одржлив развој. Тој се осврна на Националната стратегија за одржлив развој (НСОР), истакнувајќи дека целокупната соработка на Владата со Канцеларијата на ОН во Скопје се одвива преку Рамката за развојна соработка на Обединетите нации (УНДАФ) насловена: „Партнерство за одржлив развој (ПОР): Стратегија на ОН за Република Северна Македонија за 2016-2020“.
Беа потенцирани и престојните активности на ВРСМ во правец на изработка на Доброволниот национален преглед кој ќе биде презентиран на Политичкиот форум на високо ниво на маргините на Економскиот и социјален совет на Обединетите Нации, во 2020 година, во Њујорк.
Конференцијата беше завршен настан на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, финансиран од ЕУ со цел да ги обедини на едно место сите релевантни чинители од земјата кои се посветени на исполнување на Агендата 2030 за Целите за одржлив развој и интеграција во ЕУ. Воедно претставуваше можност да се слушнат и дискутираат добрите домашни и меѓународни практики за меѓусекторски партнерства.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг