-->
-->
Женската кошаркарска репрезентација домаќин на силен турнир
-->
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија од 2 до 4.јуни ќе биде домаќин на турнир и покрај нашата селекција ќе настапат уште репрезентациите на Бугарија, Јапонија и на Босна и Херцеговина. Ова воедно ќе биде деби на новиот селектор на „сениорките“ Марјан Лазовски.
Женската репрезентација е пријавена за квалификациите за Евробаскетот 2019, а натпреварите на турнирот ќе бидат подготовки за тие настапи.
Според распоредот на натпреварите на 2.јуни (петок) ќе играат: Босна и Херцеговина – Јапонија (почеток 18 часот) и Македонија – Бугарија (почеток 20 часот).
На 3.јуни (сабота) двојките се: Бугарија – Босна и Херцеговина (18 часот) и Македонија – Јапонија (20 часот) и на 4.јуни (недела): Бугарија – Јапонија (18 часот) и Македонија – Босна и Херцеговина (20 часот).
Натпреварите ќе се играат во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час