Жените вриштеле, мажите во болница: Хорор во куќа во Штип

Околу 15 часот и 30 минути во текот на вчерашниот ден во Штип на улицата „Косовска“, во дворот од семејната куќа на 40-годишниот Г.Н.и неговиот татко Р.Н. се одвивал хорор кога тие биле нападнати од страна на околу 20 непознати лица.
Полицијата денеска информира дека напаѓачите со камења, дрвени стапови, мотика, лопата и други предмети почнале да удираат кон нивната куќа, и кон возилото „Пежо Партнер“, во сопственост на Р.Н., а потоа и физички ги нападнале таткото и синот.
Настанот се одвивал пред очите на сопругата и мајката на Г.Н. кои исплашени за својот живот се обидувале да влезат во куќата, но истите биле попречувани од сторителите. Повредените татко и син со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничка болница Штип. Кај Г.Н. биле констатирани тешки телесни повреди, по што истиот е пренесен во Ургнетен центар Скопје, а кај Р.Н. биле констатирани телесни повреди. Причина за настанот е претходна расправија на Г.Н. со лице од ромска националност кое вршело мала нужда во дворот од неговата куќа.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Како можни сторители повикани се неколку лица со кои бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
