Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%

Просечната пензија за жените на возраст од 65 години или повеќе во ЕУ е за околу 24,5% пониска од онаа на мажите. Во Македонија пензијата на жените е за 18,2 отсто пониска од пензијата на мажите.
Според податоците на Евростат во 2024 година, најголемите разлики во пениите меѓу мажите и жените се забележани во Малта (40,3%), Холандија (36,3%) и Австрија (35,6%), додека најмали разлики има во Естонија (5,6%), Словачка (8,4%) и Унгарија (9,6%).
Во Македонија, последен достапен податок на Евростат се однесува на 2023 година, кога пензијата на жените била за 18,2 отсто пониска од пензијата на мажите.
Во регионот во најмала разлика има Црна Гора 8,3% (2024), па Албанија 15,6 (2023), Србија 16,8% (2024), Бугарија 17,5% (2025), Хрватска 19,3% (2024) и најголема во Грција 23,8% (2024).
Покрај пресметките засновани на просечните пензии, Евростат го објавува и родовиот јаз користејќи ги средните вредности на пензиите, како вредност што ја одделува горната половина на пензиите од долната половина. За разлика од просекот, медијаната е помалку чувствителна на мал број екстремно високи или ниски вредности на пензиите.
Медијалната пензија за жени во ЕУ била за 24,9% пониска од онаа за мажите. Најголеми јазови во средните пензии се забележани во Луксембург (43,3%), Шпанија (41,1%) и Холандија (39,6%), додека најмали јазови се забележани во Естонија (-0,3%), Унгарија (0,4%) и Данска (2,7%).
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
