Жените се уште недоволно вклучени во бизнисот
Учеството на жените во бизнисот и во креативните сфери и индустрии, иако постојано се зголемува, се уште не е на ниво на нивниот потенцијал. Тие треба да работат понапорно за да привлечат внимание за своите идеи и да се здобијат со почит во сферите што се уште се сметаат за машки, сметаат учесниците на денешното одбележување на Светскиот ден на интелектуална сопственост организиран од Делегацијата на ЕУ и американската Амбасада во Скопје.
Претставникот на ЕУ Јаромир Левичек смета дека во областите на бизнисот и креативните и иновативни дејности се соочуваат со многу предизвици и проблеми. Затоа, рече тој, учеството на жените во овие сфери е се уште далеку од нивниот потенцијал.
- Жени претприемачи се само 34 проценти од самовработените, односно 30 проценти од претприемачите на старт ап компаниите во Европската унија, рече тој.
За надминување на ваквите состојби, сметаат учесниците на одбележувањето, потребно е поголема мотивација и охрабрување на жените, но и создавање поволни услови преку заштита на интелектуалната сопственост, трговските марки и брендовите.
- Жените треба понапорно да работат за да можат да привлечат внимание за иновативните идеи што ги имаат, но и да се здобијат со почит во оние сфери кои се уште важат за доминантно машки, рече заменик-амбасадорката на САД во Македонија Микаела-Швајзер Блум.
Затоа, смета таа, е потребно тие да бидат охрабрувани, мотивирани, а државата преку создавање поволни услови да ги заштити во нивната работа.
- Од клучна важност е владите во сите земји вклучително и во Македонија да ја зголемат заштитата на интелектуалната сопственост преку развивање на капацитетите на телата што се бават со ова прашање, рече таа.
На одбележувањето. меѓудругите, говореше и ко-сопственичката управител на Касефичио Цезарина Фејзи, Гзиме Фејзи која ги сподели искуствата од отворањето бизнис во Македонија и неговиот развој. На тој пат, рече, се соочив со многу проблеми и предизвици, но и со недоверба пред се заради фактот што сум жена.
Но, сепак, потенцира Фејзи, доколку имате иновативна идеја и сте упорни и истрајни, а пречките ги гледате само како мотивација за да одите напред успехот е неизбежен. Компанијата Фејзи е единствената во Македонија што произведува моцарела. с
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
