Жени внимавајте: Потенцијално „отровни“ состојки во тампоните

Француската ревија специјализирана за заштита на потрошувачите „60 милиони потрошувачи“ тврди дека во женските тампони има остатоци од "потенцијално токсични материи" - диоксини, глифосат и други пестициди и побара од француската владата да наметне построги контроли, јавува дописникот на МИА од Париз.
Постоењето на овие токсични материи го и ревијата на Националниот институт за широка потрошувачка (ИНЦ), "но откриените нивоа се ниски."
Прашањето е во тоа што некои од овие супстанции се осомничени како ендокрини нарушувачи, а научниците не располагаат со доволно податоци за да се процени ризикот за жените, смета ревијата.
Присуството на потенцијално токсични остатоци се откриени во 5 од 11 женски заштити анализирани од 60 милиони потрошувачи. Списанието особено наведува дека тоа се пронајдени "траги на диоксин во тампони на два големи брендови".
Покрај тоа, според списанието, „глифосат остатоци“ хемиска состојка која се користи во хербицидите, вклучувајќи го Роундоп, а при испитувањето се пронајдени и во заштитните влошки за женски гаќи кај бренд кој тврди дека бил био.
Со оглед на овие резултати, ИНЦ „ги известува франуските власти и бара воспоставување на специфичните прописи за женските заштитни влошки и тампони со наметнување на поголема транспарентност и построги контроли, како и обележување на составот.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
