Македонија
22. December 2019 - 13:05

Жени од Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска најдени во гостиварско, им посредувале за вршење проституција

На 21/22.12.2019 во периодот од 23:00 до 03:20 часот спроведена е акциска контрола во која учествувале полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР.

Притоа, била извршена контрола во угостителски објект во с.Добридол,  гостиварско, како и претрес во куќата на сопственикот Н.Р.(50), при што во објектот и куќата биле затекнати осум женски лица, од кои пет странски државјанки (три од Р.Србија, една од Р.Црна Гора и една од Р.Хрватска), на возраст од 20 до 31 година, како  и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години.

Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело „посредување во вршење проституција“, казниво по чл.191 од КЗ.