Жената самоубиец од Париз е жива - Пронајдена во Мароко каде дава интервју
Светските медиуми вклучувајќи ги и медиумите од регионот ја пренесоа веста за Мароканката Хасна Аитбулачен (26) жената самоубиец која го активираше експлозивот за време на полициската рација во Париз минатата недела.
Меѓутоа се случи неочекуван пресврт. Имено Ал Џезира Плус ја пронајде Набила во Мароко.
-Немам врска со тероризмот, изјавила Набила и додала дека нејзините фотографии му биле продадени на новинарот кој ги објавил.
Набила вели дека фотографиите биле снимени за време на нејзиниот престој во Франција.
-Роднините кои долго не ги видов мислеа дека сум загинала, раскажува Мароканката која сега се обидува да ја поправи сликата која за неа владее во светот.
Вели дека новинарот не го проверил потеклото на фотографиите туку само објавил тоа што го добил.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Костовски, кандидат за градоналачник на Бутел(ВМРО-ДПМНЕ)
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски
-
Од куќен, сопственикот на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор
-
„Плусинфо“: Сомнеж за ексфункционери на СДСМ вмешани во привилегиите на дискотеката Пулс