-->
-->
Жена пукала и повредила маж на бензиска во Скопје
-->

На 29.01.2020 во 14.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен С.М.(42) од с.Батинци, скопско, со повреда од прострелна рана. По кажување на повредениот, тој додека бил заедно со Л.Г.(28) од Р.Албанија во близина на бензинска пумпа на бул.„Гоце Делчев“, настанала расправија со едно женско лице, кое со пиштол пукало кон него и го повредило, по што тој го одзел пиштолот и со патничко возило „фолксваген поло“, без регистарски ознаки, со Л.Г. се упатиле во болница.
Според негово кажување, на бул.„Гоце Делчев“ го фрлиле пиштолот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари
-
БиХ: МНР бара од Додик да го врати дипломатскиот пасош
-
Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“
-
Полска: Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата со Украина
-
Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“
-
„Јасен“ се уште гори, се работи на нов противпожарен појас за локализирање на пожарот
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат