Loading Video...
Фудбал
25. January 2018 - 18:49

Жена на чело на ФК Победа

За прв пат во историјата на македонскиот фудбал и во менаџирањето на фудбалските колективи, жена го презеде кормилото на македонскиот фудбалски бренд, прилепска Победа, која во период на подготовки стартува со промени како на организациски план, така и во обидот да се ангажираат адекватни засилувања, со цел Клубот да се носи рамо до рамо со останатите македонски клубови. Ирена Јакимоска е в.д. претседател на ФК  Победа од Прилеп.

Победа е во фаза на подготвителниот период, а со промените во структурата на Клубот се најавува и почеток на една нова Победа од која сите очекуваат напредок како на организациски, така и на играчки план, зашто, сепак, време е овој македонски фудбалски бренд во иднина да крои планови за фудбалска Европа, а не за фудбалски опстанок.