Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска
Утринава околу 9:30 часот, патнички воз удрил во автомобил во градот Болфан, на железничкиот патен премин, јавуваат хрватските медиуми.
Според информациите, двајца сопатници од автомобилот, 27-годишна жена и четиригодишно момче загинаа.
Во Општата болница Копривница се пренесени уште двајца патници.
Информациите се дека во болница биле пренесени 28-годишен возач и четиригодишно девојче, кои лекарите ги реанимирале на пат кон болница и во болница. Во болница починало четиригодишното девојче
Директорот на болницата, Мате Девчиќ изјавил дека при транспортот во болница бил направен обид да се спаси четиригодишното девојче со реанимација.
Како што се испоставува, на преминот немало рампа.
Железничкиот сообраќај е во прекин. Патничкиот воз сообраќал на линијата Копривница – Вараждин.
Ново на Сител
-
Тринаесет лица киднапирани и убиени во Перу, работеле за компанија за копање злато
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица кои имаат дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?