-->
-->
Железничкиот сообраќај во прекин - машиновозачите на протест
-->

Железничкиот сообраќај низ Македонија е во прекин поради бојкот на работа машиновозачите. Тие бараат додатокот за квалитет да се покачи за 10 отсто, односно да се врати на нивото од 2007-та година. Засега не се знае колку време ќе трае бојкотот на работниците.
Од Министерството за транспорт велат дека годинава во буџетот на министерството предвидени се 430 милиони денари за субвенционирање на патните трошоци, по барање на МЖ Транспорт. Овие пари се префрлаат на месечно ниво.
Од компанијата најавија соопштение во текот на денот.
Машиновозачите велат дека по предвремените парламентарни избори, ќе бараат и зголемување на основната плата од 18.600 денари на нивото на просечната плата во државата. Во моментот, во МЖ Транспорт има 72 машиновозачи, од кои 64 активно возат. Според предлог-систематизацијата која допрва треба да се донесе на компанијата потребни и се 140 машиновозачи.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
