Железна купола случајно соборила израелски воен дрон
Израелскиот противвоздушен систем Железна купола случајно соборил израелски воен дрон за време на неодамнешните борби со Хамас во Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили.
Како што изјави портпарол на израелската армија за весник Хаарец, Железната купола го погодила дронот „Скајларк“ и оти во тек истрага за инцидентот.
„Скајларк“ се мали беспилотни летала произведени од израелска меѓународна компанија за одбрана „Елбит Системс“ и се користат од единицата „Скај рајдер“ на артилерискиот корпус на израелските одбранбени сили за разузнавачки, набљудувачки и разузнавачки мисии.
Хаарец објави дека израелските одбранбени сили се загрижени за инцидентот поврзан со пријателски оган, бидејќи се поставува прашањето дали се способни да се борат подолг временски период без да им нанесат штета на сопствените сили.
Израелската Железна купола е систем за воздушна одбрана дизајниран за пресретнување ракети.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција