-->
-->
Желбата за власт поголема од љубовта кон татковината: Павле Трајанов пред 9 години беше убеден дека Шеќеринска и Петковски се залагаат за промена на името и идентитетот, а сега молчи
-->

Првиот човек на Деморкатскиот сојуз, Павле Трајанов е типичен пример за политичар кому желбата за власт му е поголема од љубовта кон татковината. Истиот оној Трајанов кој пред 9 години беше убеден дека Радмила Шеќеринска и Тито Петковски се залагаат за промена на името и идентитетот, сега молчи кога се нарушува унитарноста на државата и се прифаќа платформа која е вовед кон промена на името на државата.
Трајанов во мај 2008-ма година, тврдеше дека Радмила Шеќеринска треба да му објасни на македонскиот народ, како за само шест месеци ќе ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ.
–Кога зборува Шеќеринска за компромис со Грција за влез во НАТО, треба на граѓаните да им објасни дали тоа значи промена на името преку промена на Уставот? Дали тоа значи откажување од македонскиот идентитет, јазик, писмо и култура? Дали тоа значи новото име да не се користи за комуникација со 120-те држави кои што не признаа под Уставното име – изјави Трајанов тогаш.
Лидерот на ДС тогаш нагласуваше дека загрижува фактот што Радмила Шеќеринска е во друштво со Тито Петковски, Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец, кои, како што самиот тврдеше, „последните месеци здушно се залагале за промена на името на државата, не водејќи сметка за нашите национални и државни интереси“
– Имаме основа да се сомневаме дека Шеќеринска и СДСМ, за да се дограбат до власта се подготвени да го жртвуваат името на државата и македонскиот идентитет – напомена Трајанов во 2008-ма.
Тој додаде дека Шеќеринска повторно започнала со манипулации и лажни ветувања, нудејќи решенија за извонредно тешките проблеми за 6 месеци, не давајќи одговор зошто СДСМ не ги решила тие прашања за време од 13 години колку што досега беше на власт.
– Ги повикуваме граѓаните да се спротивстават на манипулациите и лажните ветувања и да ги поразат сите оние кои што се обидуваат на овој начин да дојдат на власт, газејќи го националното достоинство и загрозувајќи ги перспективите на македонскиот народ и држава – рече тогаш Трајанов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
