Жбогар: Сите страни во преден план да ги стават интересите на државата и нејзината иднина
Нашата позиција е јасна и едноставна, како и во минатото така и сега не коментираме судски процеси, треба да оставиме судството да си ја врши својата работа, изјави попладнево евроамбасадорот Самуел Жбогар во Струга.
- Уште веднаш по настаните од 27 април нагласивме дека треба да има отчетност за сето што се случуваше во Парламентот. Нашите очекувања се сите страни и чинители во земјата во преден план да ги стават интересите на државата и нејзината иднина, рече Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање по форумот „Децентрализацијата повторно во фокус“, што во организација на Министерството за локална самоуправа, Мисијата на УНДП во Македонија и Делегацијата на ЕУ од попладнево се одржува во Струга.
Прашан за одговорноста на која се повикани неколкуте пратениците за кои судот бара притвор за учество во настаните во Собранието на 27 април, Жбогар рече дека сите се еднакви пред законот.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат