Жбогар очекува да бидат спреведени реформите од Акцискиот план 3-6-9
Евроамбасадорот Самуил Жбогар при денешната посета на општините Челопек и Брвеница каде што вршеше увид на инфраструктурните објекти коишто се реконструираат со пари од Европската унија, изрази надеж дека новата Влада ќе ги спроведе реформите од акцискиот план 3-6-9 коишто вчера ги најави премиерот Зоран Заев.
- Тоа што е добро е тоа што Владата излезе со реформи, меѓутоа тие реформи сега веќе не се усмени, туку и тие реформи се ставени на хартија. Се разбира, овој оптимизам дека ќе бидат спроведени тие реформи треба да го видиме во првите три месеци како што и најави Владата. Јас можам да кажам дека со формирањето на новата Влада се создаде нова надеж и нов оптимизам како кај луѓето коишто живеат во Македонија, така и кај земјите од Европската унија. Сметам дека Владата ќе успее да испорача некои работи коишто би ја придвижиле земјата кон евроатлантските интеграции, изјави Жбогар.
Инаку, евроамбасадорот Жбогар денеска беше во посета на општина Брвеница каде изврши увид на реконструкцијата на патот Челопек – Милетино, а исто така беше и во селото Гургурница кое припаѓа под општина Брвеница каде заедно со градоначалникот на Брвеница Енвер Пајазити ја посетија реконструкцијата на основното училиште во ова село.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ