Жбогар: Косово добива странска помош како никој друг во светот
Европската унија годишно на Косово му доделува помош во износ од околу 70 милиони евра, а уште 20 милиони евра доаѓаат од САД, со што земјата добива странска помош како ниту една друга држава во светот, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за Косово, Самуел Жбогар за виенскиот весник „Стандард“.
Меѓутоа, според весникот, и покрај ваквата помош, економската состојба во Косово и натаму е лоша, при што вкупната стапка на невработеност изнесува 35 отсто, додека меѓу младите таа достигнува и до 70 проценти.
Во вакви услови минатаа зима околу пет отсто од жителите на Косово се упатија кон Германија, што може да се смета за почеток на балкансата рута по која денес бегалците пристигнуваат во Европа, наведува „Стандард“
Меѓутоа, косовскиот министер за европски интерграции Беким Чолаку во изјава за виенскиот весник ги негира тврдењата дека лани околу 100.000 Косовци се обиделе да емигрираат на Запад, нагласувајќи дека земјата се обиделе да ја напуштат „најмногу 70.000 луѓе“.
Но, според Чолаку, доколку Косово не добие визна либерализација „пред вратите на ЕУ ќе стојат 200.000 косовски граѓани“.
Жбогар од своја страна оценува дека Косово ги исполнило најголем дел од условите што ги постави ЕУ, но дека и натаму постојат проблеми поврзани со корупцијата на високи новоа на влсата и околу дефинирањето на границата со Црна Гора.
Европскиот претставник предупредува и дека воени злосторници, како Сами Љуштаку кој е осуден на 12 години затвор, слободно шетаат по улиците, како и дека седуммина градоначаници кои се осомничени за злоупотреба на службената положба, не сакаат да ги напуштат функциите.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца