-->
-->
Жан Тод ја откри состојбата на Шумахер
-->
Жан Тод им даде на навивачите на Михаел Шумахер трошка надеж дека легендата на Формула 1 порано или подоцна ќе се опорави.
– Го видов Мајкл минатата недела. Тој се бори, изјави поранешниот шеф на Ферари за новинската агенција „ПА“.
Тод е еден од ретките луѓе што Корина Шумахер дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. Семејството сака борбата на Михаел Шумахер да остане што е можно подалеку од центарот на вниманието.
– Она што можам да го сторам е да останам близу до нив и да им помагам кога ќе им требам, изјави поранешниот шеф на Ферари.
Тој последен пат зборуваше за Шумахер во јули, кога за медиумите изјави дека се надева дека „светот ќе има можност повторно да го види Михаел“.
– На тоа се стремат тој и неговото семејство, рече Тод.
Водечки неврохирург претходно оваа година изјави дека Германецот „многу се сменил“ откако претрпе сериозна повреда на мозокот. Тој, наводно, бил подложен на терапија со матични клетки во Париз во 2019 година и продолжува да се лекува дома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството