Жан Аселборн утре во официјална посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн утре доаѓа во официјална посета на Република Македонија, во рамки на која ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димиртов.
Развојот на севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, како и актуелните внатрешни состојби со акцент на подготвителните активности за референдумот, ќе бидат тема на средбата меѓу Димитров и Аселборн, како и на пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји, информираат од МНР.
Двајцата министри предвидено е да потпишат Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Во рамки на посетата, министерот Аселборн ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев и со заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи.
Претходни работни посети, како што информираат од МНР, биле на Аселнборн на Република Македонија на на 4 октомври 2017 година и Димитров на Луксембург на 20 април 2018 година
Ново на Сител
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
