-->
-->
Жамбон: Во редовите на ИД има и до 5.000 Европејци
-->
Белгискиот министер за внатрешни работи Жан Жамбон изјави дека неговата проценка е оти меѓу 3.000 и 5.000 Европејци се наоѓаат во редовите на џихадистичката група Исламска држава.
Тој истакна дека европските разузнавачки служби сега само можат да чекаат да видат колкумина од нив ќе се вратат во својата татковина.
- ИД е под притисок во Мосул и Рака. Нејзини припадници од белгија се ангажирани во одбрана на тие упоришта на ИД. Мора да бидеме свесни дека таму нема 200, туку меѓу 3.000 и 5.000 Европејци, нагласи белгискиот министер.
Жамбон додаде дека сите разузнавачки агенции се обидуваат да ја следат ситуацијата и да разменат информации.
- Доколку се случи бран на враќање назад, мора да бидеме подготвени, порача Жамбон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш