Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот, рекол 13 годишниот убиец Коста
Тринаесетгодишниот ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, шокираше со своите ладнокрвни изјави по масакрот.
„Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но во дворот ми испадна ранецот со молотови коктели и не успеав“, рекло момчето во разговор со работниците од Центарот за социјална работа (ЦЗСР), неофицијално дознава „Курир“.
Како што наведуваат, момчето зборувало ладно, без трошка каење или сочувство за жртвите, за тоа како долго време го подготвувал злосторството, како го одработил планот и поради што рекол дека не му е ниту малку жал за убиените соученици.
„Уживав додека ги слушав нивните крици. Жал ми е што не ги убив сите луѓе на списокот, но кога излегов во дворот да ја сменам муницијата, ми испадна ранецот со молотови коктели, а нив сакав да ги фрлам за полицијата да не може да влезе во училиштето додека не го завршам она што го започнав. Тогаш ме фати паника и сфатив дека најдобро е да повикам полиција. Го спуштив пиштолот и ги повикав“, наводно го опишал злосторството.
Момчето признало дека често гледало криминалистички филмови, серии и документарни филмови за масовни убиства, дури и оние во училиштата.
Посебно бил опседнат со документарниот филм „Американска трагедија“ во кој се гледа како страдаат мајките на жртвите, но и како страда мајката на убиецот поради тоа што го направило нејзиното дете.
Момчето сметало дека има проблем со друштвото и околината, односно дека страдал затоа што е отфрлен од друштвото.
„Тој не бил жртва на физичко насилство, а прашање е дали бил жртва на некој друг облик на насилство од врсниците. Имал чувство дека децата од училиште не сакале да се дружат со него и дека неговите родители не го разбирале тоа“, изјавил извор за „Блиц“ и додал дека момчето испукало меѓу пет и осум куршуми во секоја своја жртва.
Соговорникот на „Курир“ навел и дека момчето толку добро го испланирало овој масакр што ја земал предвид и неговата возраст. Имено, по апсењето, полицијата му го одземала телефонот, но и компјутерот.
„Со денови истражувал закони на интернет, односно која е старосната граница за одење во затвор. Затоа свесно го избра овој момент за напад бидејќи сфати дека деца под 14 години не одат во затвор“.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица