Зголемени цените на нафтата на меѓународните пазари

Цените на нафтата денеска се искачија на 81 долар на меѓународните пазари, бидејќи одлуката на водечките производители скромно да ги зголемат залихите го засени извештајот за претстојното враќање на саудиското производство на нивоата пред пандемијата.
Во исто време, Ријад, на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, ги отфрли повиците на водечките производители да исфрлат значително повеќе од планираните 400.000 барели дневно во следните месеци, наведувајќи ги економските проблеми.
ОПЕК + на вчерашната средба се согласи дека ќе продолжи постепено да го зголемува производството откако американскиот претседател Џо Бајден порача дека треба да го интензивираат за да го забават наглиот раст на цените.
Ново на Сител
-

Путин: Мировниот план на САД може да биде основа за мир во Украина
-

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток
-

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар
-

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово
-

Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја
-

Поплави во Ресенско, над 50 куќи и земјоделски површини под вода по излевањето на реките
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар
