Зголемена сумата за прскање против комарци во Кочани

Општина Кочани ќе потроши близу два милиони денари за овогодишната кампања за третман против комарците, што е зголемување за околу 20 отсто во однос на минатата година.
Парите се обезбедени од општинскиот буџет, во согласност со годишната Програма за здравствена заштита на населението, а се планира прскањето против комарците да се реализира терестијално, односно од земја и авионски, според однапред подготвен план.
-Во моментот тече рокот на јавната набавка за фирма што треба да ја изврши услугата, како и да ги набави инсектицидот и ларвицидот што се одобрени од Бирото за лекови и дозволени за третирање против комарците. Двете третирања ќе се реализираат одделно, односно со прскањето од земја, ќе се опфати површина од околу 1200 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и дел од населените места во општината. Ларвицидниот третман ќе биде по течението на Кочанска Река, низводно од акумулацијата Гратче, како и од градот во правец на сливот на реката. Со авионското прскање, пак, се планира да биде опфатена површина од 3400 хектари, во градот и низинскиот дел од општината, истакна Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.
Според Јосифов, Општина Кочани самостојно ќе го реализира прскањето против комарците, иако во претходните години соседните општини најавуваа договарање за да биде во приближно ист временски период заради поголема ефикасност.
Се планира првиот третман за дезинсекција да се спроведе кон крајот на мај или на почетокот на јуни, во зависност од временските услови.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
