Зголемена потрошувачката на вода во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопшти дека во овие два дена регистирана е рекордна потрошувачка на вода за пиење.
Според директорот на ЈКП „Водовод“-Битола Горан Стефановски, синоќа во периодот од 18 до 22 часот била регистрирана потрошувачка на вода од 700 литри во секунда.
- Високите дневни температури вообичаено предизвикуваат поголема потрошувачка на вода во попладневните часови кога потрошувачите водата ја користат за разладување но и за полевање со вода на зелените и други површини. Вчера попладне регистриравме потрошувачка од 700 литри во секунда, но проблеми со водоснабдувањето нема бидејќи ги користиме водите од Стрежевско езеро и изворите од планината Баба кои ги полнат резервоарите на нашето претпријатие, потврди Стефановски.
Од ЈКП „Водовод“-Битола информираат дека утре во терминот од 10 до 14 часот без вода ќе биде поголем дел од Нова Битола, односно граѓаните кои живеат на улиците „Васко Карангелески“, „Игњат Атанасовски“, „Ружа Делчева“ и други околни улици во тој дел на градот.
- Станува збор за т.н. средна градска водоводна зона во која екипи на ЈКП „Водовод“ ќе вршат замена на водоводен затворач со голем опфат. Интервенцијата ќе почне во 10 часот и очекуваме да заврши околу 14 часот, потврди директорот на ЈКП „Водовод“-Битола, Горан Стефановски.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
